Според првичните информации од терен, надојдената вода се прелила преку автопатот и почнала да навлегува во објектите, поплавувајќи хангари, паркинг-простори и магацини. Како резултат на тоа, пријавени се материјални штети, а дел од фирмите работат на расчистување и проценка на настанатата штета.
Очевидци посочуваат дека водата брзо се акумулирала поради засилен интензитет на врнежите, но се сомнева и на можни проблеми со одводните канали. Неофицијално, како потенцијална причина се споменуваат неисчистени испусти за вода или недозволено депонирање отпад од страна на несовесни поединци со кој се попречило нормалното истекување.
Надлежните служби се очекува да извршат увид на терен и да утврдат дали станува збор за природна непогода или за пропусти во одржувањето на инфраструктурата.






