
Захариева, како што објави БГНЕС, нагласила дека се потпишани најмалку 20 меморандуми, но повеќето од нив останале на хартија и не се реализирани од страна на Скопје.
„Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате. Ова е пријателски, а не непријателски совет“, рече Захариева.
За документите потпишани со Македонија, Захариева нагласи: „Да видиме што ќе следи од нив“.
Петков, пак, се согласи дека само „подготвивме, направивме, потпишавме“ не е добар начин за односите со Македонија.






