Како што соопшти владината Прес-служба, овие дополнителни средства ќе бидат наменети за производство и обезбедување на дополнителни количества на електрична енергија од обновливи извори на енергија за надминување на енергетската криза.
На оваа седница Владата го задолжи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заедно со претседателот на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди да оствари средба со претставници на Општина Битола за да се договори постапката за санирање на последиците од земјотресот од 9 јануари.






