понеделник, 8 декември 2025

Во вторник меѓувладина седница помеѓу Македонија и Бугарија, македонската влада носи 50 новинари

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите од средбите на Петков во вторникот во Скопје ги поздрави и бугарскиот претседател Румен Радев. Сепак тој потенцира дека покрај економијата, инфраструктурата и образованието, не треба да се заборават и клучните прашања кои стојат на европскиот пат на Македонија. Како неодржливи Радев ги оцени македонските барања за реципроцитет за македонското малцинство во Бугарија.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека нема да учествуваат во формирањето на работните групи бидејќи не сака да даде легитимитет на лошите политики на Владата.

Денеска Владата информира дека ќе има организирано медиумско следење на меѓувладината седница помеѓу Македонија и Бугарија. Владата во денешниот повик до медиумите за акредитација најавува дека во Софија ќе однесе 50 новинари од македонските медиуми за следење на оваа заедничка седница.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ