сабота, 6 декември 2025

Во сабота седница на Собранието за избор на нова Влада

Објавено на

часот

Сподели

Согласно собранискиот Деловник, седница за избор на владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот за состав на владата и програмата. Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на владата на седницата на Собранието на која се врши нејзиниот избор.

По програмата на мандаторот и предлогот за состав на владата, Собранието води единствен претрес. Претресот трае најмногу два дена.

Во Деловникот е предвидено дека редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој обезбедува учество во претресот на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието.

Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во 24 часот. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници.

Инаку, мандатарот Ковачевски од редот на СДСМ ги предложи: за вицепремеир за борба против корупцијата ја предложи Славица Грковска, поранешна пратеничка, за вицепремир за економски прашања – актуелниот Фатмир Битиќи, за вицепремир за европски прашања Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда, за министер за одбрана пратеничката Славјанка Петровска, за министер за внатрешни работи – актуелниот Оливер Сапсовски, за министер за правда универзитетскиот професор Никола Тупанчевски, за министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој и порано раководеше со овој ресор, за министер за труд и социјална политика – Јована Тренчевска, директорка на Државниот инспекторат за труд, за министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна пратеничка и министер за транспорт и врски – актуелниот Благој Бочварски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ