среда, 10 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Заради неспособност од ковид-19 за една недела починаа над 180 сограѓани

Објавено на

часот

Сподели

„Уште од самиот почеток на пандемијата сите мерки кои беа донесени од страна на власта беа задоцнети и не дадоа никаков резултат во превенирање на ширењето на заразата, а со тоа се покажа дека здравствените власти немаат никаква стратегија ниту капацитет да ги заштитат граѓаните од корона вирусот.

Во моментот во државата има скоро 20 илјади активни случаи на корона вирус или колку еден поголем град во Македонија и над 8.300 починати како последица на ковид- 19.

Уште еднаш ги повикуваме министерот Беким Сали и оваа неодговорна влада предводена од пиунот Ковачевски да ја преиспитаат одлуката за започнување на второто полугодие за учениците во услови кога сојот омикрон коси во државата.

Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија.

Потребни се итни мерки за спречување на ширењето на ковид-19 во државата. Додека секојдневно ни умираат по десетици наши граѓани Комисијата за заразни болести молчи, а неодговорните власти не нудат никакви мерки за справување со кризата“, дополнуваа од партијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ