Разрешувањето на Бучковски поминало на седницата како дел од точката „кадровски решенија“. Засега не се соопштени причините за резрешувањето.
Поранешниот премиер Владо Бучковски кон крајот на 2020 година беше именуван од Владата на Зоран Заев како специјален претставник на Македонија, а како што тогаш беше образложено, поради неговиот углед во Бугарија и контактите што ги има со тамошните официјални политички личности.
Кон крајот на минатата, 2021 година на Бучковски му беше продолжен мандатот како олеснувач во разговорите со Бугарија за надминување на спорот и за тргање на бугарското вето за Македонија поради кое земјава не доби датум за преговори со Европската Унија.
Бучковски повеќе пати патуваше во Бугарија, имаше средби со претседателот и премиерот на таа држава, како и со министри и други влијателни јавни личности и беше гостин на телевизиски канали каде даваше свои мислења и предлози како да се надмине спорот меѓу двете држави.






