понеделник, 8 декември 2025

Вашингтон не размислува за санкции кон Бугарија, убеден е дека Скопје и Софија ќе ги решат разликите

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, дистрибуирано од Амбасадата на САД во Бугарија се наведува дека САД силно го поддржуваат пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија и веруваат дека тоа ќе биде од корист за сите земји во регионот, пренесува МИА од Софија.

„Го цениме силниот интерес на американскиот Конгрес за ова прашање и ќе продолжиме да одржуваме тесна координација со Конгресот за ова прашање“, пишува во соопштението.

Ваквата реакција од Стејт департментот уследи по изјавата на конгресменкат Клаудија Тенеи за Гласот на Америка на македонски дека е можно воведување санкции против Бугарија поради ветото во ЕУ за почеток на преговорите на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ