сабота, 6 декември 2025

Тупанчевски министер за правда, Спасовски пак на чело на МВР, Маричиќ вицепремиер за европски прашања…

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиер за борба против корупција – Славица Грковска

Вицепремиер за економски прашање – Фатмир Битиќи

Вицепремиер за европски прашања – Бојан Маричиќ

Министерка за одбрана – Славјанка Петровска

Министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски

Министер за правда – Никола Тупанчевски

Министер за земјоделство – Љупчо Николовски

Министерка за труд и социјална политика – Јована Тренчевска

Министерка за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска

Мандатарот Ковачевски вели дека фокусот на Владата ќе биде економијата и подобрување на стандардатот на граѓаните, како и справувањето со електро-енергетската криза.

Рече дека целата енергија е насочена кон финансиска поддршка и нови работни места.

Имаме подготвено план, сет на мерки за поддршка за граѓаните и стопанството. Во буџетот веќе има 130 милиони евра, а правиме анализи за обезбедување на повеќе средства, рече Ковачевски на прес-конференција по седницата на Централниот одбор на СДСМ.

Очекува континуиран економски раст и драстично зголемување на инвестициите.

Ставаме фокус на намалување на невработеноста, до крајот на мандатот да биде едноцифрена, рече Ковачевски и додаде дека фокусот ќе биде на зголемување на платите и пензиите.

Според него, просечната плата до крајот на мандатот ќе биде над 500 евра, а во моментот се прават анализи за времето и висината на зголемување на минималната плата. Ковачевски рече дека не е планирано зголемување на даноците, а Владата ќе работи на поголема ефикасност и поголема борба против сивата економија.

За спорот со Бугарија, Ковацевски рече дека е добро што Владата во Бугарија, исто како и ние, сака дискусијата да се води во однос на прашања што не се однесуваат на строго историски прашања, туку на прашања што се свртени кон иднината.

Нормално е, рече тој, да разговараме за проекти што се однесуваат во областа на инфраструктурата, на зголемување на економската соработка, образованието, културата, како и за начинот на кој Република Бугарија, како членка на ЕУ, може да ни помогне во процесот на пристпување кон ЕУ.

Ние имаме јасни позиции, Република Северна Македонија има четири последователни позитивни извештаи за пристапување кон ЕУ и треба, потенцира Ковачевски, да ни биде доделен датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

Во однос на нашите позиции што се утврдени во Парламентот, македонскиот јазик, македонскиот идентитет се нашите црвени линии, бидејќи ние сме Македонци кои живеат во Република Северна Македонија, рече на прес-конференцијата Ковачевски.

На новинарско прашање како очекува да се постигне напредок кога на денешниот Советот за безбедност во Бугарија се потврдени цврсти позиции дека нема да отстапат од ветото доколку не бидат исполнети нивните пет плус едно барање, Ковачевски повтори дека е добро доколку се разговара за прашања што се свртени кон иднината. Според него, тоа е број еден, бидејќи на тој начин може да се врати довербата, прво помеѓу двете влади и довербата помеѓу граѓаните на двете држави.

Прво, соседни земји треба меѓу себе да имаат најголема трговска и економска размена и тоа се приоритети што треба да се остварат. Во однос на заклучоците од состнаокот во Бугарија, ги немам видено во детали со оглед на тоа што во исто време траеше нашата седница на Извршниот Централнот одбор , но се надевам дека и таму се реафирмирани ставовите дека треба да разговараме за теми што значат подобар животен стандард за граѓаните, теми свртени кон иднината и оти низ таков разговор ќе ја вратиме довербата помеѓу политичарите во двете држави, помеѓу граѓаните и да не оставиме простор за пропагандисти кои ќе сеат лоша атмосфера помеѓу граѓаните на двете држави и самите држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ