Трајанов во контекст на борбата со криминалот и корупцијата оцени дека земјава има институции за таква борба, дури седум како што нагласи, но истакна дека тие институции се многу партизирани и дека тоа ја затапува нивната посветеност за борбга со криминалот и корупцијата.
„Затоа предлагам нов закон за борба против тешките форми на криминал и високата корупција и формираање на нова независна инститгуцикја – Агенција за борба против криминалот“; рече Трајанов.
Во врска со аспирацијата за членство во ЕУ, Трајанов нагласи дека не смее со еуфорија да се преговара и да се прифаќа тоа што го предлага Бугарија, а со цел да се добие датум за преговори со Брисел.
„Треба да се вклучи Собранието на Македонија во овие разговори и така ќе се почитува резолуцијата донесена во овој законодавен дом. И нагласувам, никој не смее да го загрози нашиот национален идентитет, јазик, култура и историја и други обележја на македонскиот народ. Не смее да се преминат црвените линии“, рече Трајанов.






