сабота, 6 декември 2025

Таравари: ДУИ се пронајде во цитатот од Хитлер

Објавено на

часот

Сподели

„Шестотини илјади граѓани на печалба! Тоа е повеќе од една четвртина од државата“, вели Таравари и нагласува дека ДУИ е одговорна за овој, како што вели, егзодиус.

Со ваквиот одговор гостиварскиот градоначалник реагира на соопштението на ДУИ во кое од него побараа извинување до сите граѓани и жртви на нацистичка Германија, како и бришење на пост на Фејсбук.

Репликите почнаа откако Таравари во своја објава на Фејсбук цитираше мисла на Адолф Хитлер:

„Втората светска војна можеше да заврши порано и можеше да се спасат многу животи кои беа збришани како резултат на нејзиното лудило. Во време кога до некаде почнала да се намалува воената моќ на Хитлер и мапата на неговите освојувања почнала да се распаѓа, еден од неговите команданти го информирал за овие работи и го замолил да се повлече од војната затоа што биле убиени многу невини луѓе, меѓу кои и многу деца. Хитлер категорично му се спротивставил со зборовите: Затоа што народот гласаше за нас, сега и тој нека трпи смрт!”.

ДУИ веднаш реагираше со оценка дека Таравари бесрамно го цитира Хитлер.

„Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, на граѓаните и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук. Исто така, сите членови и раководството на неговата партија треба веднаш да го осудат овој неприфатлив чин и да се оградат од апсурдниот став на Таравари”, соопшти партијата на Али Ахмети и побара од сите што имаат влијание на јавното мислење да го кренат својот глас против овој став на Таравари, а од неговата партија Алијанса за Албанците да се огради од изнесениот став на нејзиниот висок партиски функционер и градоначалник на Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ