„Возилата на листите се на имиња на Борче Јакимовски најчесто и на Владимир Кроневски, доскорешни директори на паркингот во Скопје, инаку членови на претседателството на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, дел од владината коалиција на СДСМ и ДУИ. Возила има и на име на Славче Јовановски, актуелен советник во Град Скопје. Инаку, и тој дел од највисокото раководство на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов. Јасно е дека ова се списоци коишто укажуваат дека Демократскиот сојуз е во власта и е сателит на СДСМ за да може врз грбот на народот да ползува бенефиции. Во спротивно овие тројца кој што ги набројав, Јакимовски, Кроневски, како и Јовановски самите имаат околу 400 возила кои што ги пријавиле за неплаќање паркинг, речиси на сите зони во Скопје”, рече Стоилковски.
Тој додаде дека до нив има имиња на други луѓе како и опис на автомобилите.
„Да речеме стои името, регистарска табличка и име на Мартин Попов, актуелен шеф на кабинет во владата на премиерот. Тука е и поранешниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин. Тука, до името на Владимир Кроневски е и Душко Весковски, доскорешен директор на Водовод во Скопје и да не ги редам други. Значи станува збор за најмалку 400 возила и според бројот на регистрициите, може да се направи споредба дека станува збор за цела една катна гаража, како ‘Македонска Фаланга’, рече портпаролот и оцени дека се работи за отприлиа два милиони евра „заштедени” со бесплатното паркирање.






