среда, 10 декември 2025

Стоилковски: Дрисла изнајмувала багери од фирма на братучед на Рашковски

Објавено на

часот

Сподели

„Јавното обвинителство и ДКСК мора да одговорат дали единствената причина зад фактурите од 850 илјади евра за две години испратени од фирмата, струмичката фирма до Дрисла, лежи во крвното сродство меѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев? Дали врската со Рашковски била причината 850 илјади евра да бидат исплатени на Пиперевалиев, наместо одржување на машинеријата на Дрисла? И дали крвното сродство било посилно од Законот за јавни набавки, па договорот е склучен во четири очи?

Според договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, тоа е и првата работа откога Дрисла станува јавно претпријатие и со него почнува да управува Коста Начевски, функционер на СДСМ. Веројатно крвната врска е пресудна и за менување на условите во огласот и тоа во време додека огласот бил објавен и активен, па се бришат услови како биланс во последните три години или минимален број на вработени – 12 лица!

Уште еднаш, со два договори, договор во четири очи, фирмата којашто нема ниту 12 вработени, за две години фактурира 850 илјади евра. Договори меѓу Дрисла и братучед на генерален секретар на владата на СДСМ, за изнајмување на багери за Дрисла која што и сама поседува механизација“, рече портпаролот Стоилковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ