среда, 10 декември 2025

ССМ незадоволен од средбата со Владата, ако нема договор за зголемување на минималната плата ќе има штрајк

Објавено на

часот

Сподели

„Како Сојуз на синдикати на Македонија не го прифаќаме зборот „ќе”, туку „кога” и „колку”. Затоа сум малку револтиран од односот на нашите социјални партнери. Во среда продолжува битката за работничките права. Единствената цел е егзистенцијата на работникот во оваа економска, ковид и енергетска криза”, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски по денешната средба во Владата.

Претседателот на ССМ ги повика работниците на штрајк, протести и блокади на улиците доколку во среда не бидат исполнети нивните барања за зголемување на минималната плата на 18 000 денари, зголемување на останатите плати и враќање на регресот за годишен одмор познат како К-15 во јавниот сектор.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за труд и социјална политика и информатичко општество, Тренчевска и Алити, во дискусијата за време на денешниот состанок, нагласија дека минималната плата ќе продолжи да расте и системското решение ќе дојде преку дијалог со сите засегнати страни, а решението кое би било предложено секако подразбира одржливост на подолг рок за пораст на минималната плата во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечните плати.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ