Спасовски информираше дека 2021 биле изработени 321.216 лични карти и 346.773 пасоши.
„За периодот 01.01.2021-31.12.2021 имаме зголемен број на барања за пасош, односно досегашниот просек по месец изнесува 18.000-24.000 барања. МВР во континуитет изработуваше лични документи во периодот 05.07.2021 до 31.12.2021: пасоши – 203.442 и лични карти 167.558. Бројките покажуваат дека капацитетите се користени до максимум, со двосменско работење и за време на викенди”, напиша Спасовски.






