понеделник, 8 декември 2025

Снимателите како сардини на прес-конференцијата на Ковачевски, ЗНМ бара Владата да ги почитува ковид-протоколите

Објавено на

часот

Сподели

„По добиени поплаки од страна на членови на секцијата на сниматели при ЗНМ, апелираме дека Владата треба да ги почитува здравствените протоколи за медиумско покривање на настани во затворен простор. Имено, на фотографиите од денешниот настан може да се забележи дека снимателите немаат безбедни услови за работа поради несоодветниот простор во кој нема речиси никаква дистанца помеѓу медиумските работници, а со тоа директно се изложени на здравствен ризик по нивното здравје“, наведува ЗНМ.

ЗНМ додава дека бара од Владата кога има ваков тип настани, за медиумите во иднина да се обезбедат соодветни услови за нивна работа и строго да ги почитуваат здравствените протоколи предвидени за јавни настани. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ