сабота, 6 декември 2025

Рашиди: Битката со криминалот ја загубивме, киднапираа пратеник и прават нова влада

Објавено на

часот

Сподели

На седницата за избор на нова влада, пратеникот од Алијанса за Албанците рече дека за срамота е што пак се споменува автопатот кон Косово, кој со години, рече тој, се гради, а станува збор само за неколку километри. Исто така наведе дека се говори и за Коридорот 8 кој со години се вметнува во разни програми, а не е реализиран.

Според него, битката на владејачките партии е така остра затоа што има и голема причина – да се заштитат од откривање на сите криминали и корупција.

Рашиди истакна дека особено ДУИ ја партизира јавната администрација како на државно, така и на локално ниво, а оваа партија тие кадри ги раководи со партиски директиви кои, нагласи, ако не се слушаат, се губи работа. За пример наведе директорка на училиште која, рече, е хумана па затоа излегла од рамките на директивите.

Пратгеникот оцени дека врз тие што пак, не се членови и симпатизери на ДУИ, пресиите се големи.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ