Според агендата, министерката Лирман ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа ќе оствари средба со владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, по што следуваат и две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Фокус на разговор ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.






