сабота, 6 декември 2025

Предлогот за нова влада денеска во Собрание, викендов двондевна расправа

Објавено на

часот

Сподели

За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, за вицепремир задолжен за економски прашања коориднација на еконсмките ресори и инвестиции – актуелниот Фатмир Битиќи, за вицепремир за европски прашања е предложен Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда.

За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска, пратеничка во СДСМ,  поранешен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, за министер за внатрешни работи – актуелниот Оливер Сапсовски, за министер за правда проф. д-р Никола Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, за министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој и порано раководеше со овој ресор.

За министер за труд и социјална политика – Јована Тренчевска – директорка на Државниот инспекторат за труд, за министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ и претходно порофесор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Битола. За министер за транспорт и врски е предложен актуелниот Благој Бочварски. Од сите нив Ковачевски, очекува максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното.

„Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизвици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. Поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме“, порача Ковачевски.

Тој рече дека веќе има подготвен план, се подготвуваат сет мерки за директна поддршка за граѓаните и стопанството, кои ќе бидат поткрепа за семејниот буџет на граѓаните, но и помош за компаниите. Во Буџетот се резервирани 130 милиони евра, а се прават анализи за алокација или обезбедување повеќе средства. Со посветена работа и вистински економски политики очекува континуиран раст на вкупната економија од 4,6 отсто до 5,9 отсто годишно.  Најави драстично зголемување на домашните приватни и корпоративни инвестиции и влез на странски директни инвестиции, но многу повеќе нивно поврзување со домашните компании. Фокусот ќе биде и на намалување на невработеноста, која до крајот на мандатот, како што рече, се планира првпат да биде едноцифрена. Ќе се продолжи и со зголемувањето на платите и пензиите. Согласно анализите, просечната плата ќе ја надмине висината од 500 евра месечно и ќе продолжи да расте.

Во однос на евроинтеграциите Ковачевски потенцираше дека имаме јасни позиции. Република Северна Македонија, нагласи, има четири последователни позитивни извештаи за пристапување кон ЕУ и треба да ни биде доделен датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

„Во однос на нашите позиции што се утврдени во Парламентот, македонскиот јазик, македонскиот идентитет се нашите црвени линии, бидејќи ние сме Македонци кои живеат во Република Северна Македонија“, рече Ковачевски.

На новинарско прашање како очекува да се постигне напредок кога на вчерашниот Совет за безбедност во Бугарија се потврдени цврсти позиции дека нема да отстапат од ветото доколку не бидат исполнети нивните пет плус едно барање, Ковачевски повтори дека е добро доколку се разговара за прашања што се свртени кон иднината. Според него, тоа е број еден, бидејќи на тој начин може да се врати довербата, прво помеѓу двете влади и довербата помеѓу граѓаните на двете држави.

Во денешното соопштение СДСМ вели дека Ковачевски вчера претставил  докажани кадри од претходната Влада, речиси 70 отсто од министрите од редовите на СДСМ се нови, компетентни лица, подготвени да ја преземат одговорноста во соодветните ресори.

 „Новите имиња внесуваат нова свежина, нова енергија во дејствувањето на новата Влада која во следниот период ќе работи посветено, ефикасно и одговорно во реализација на Програмата која треба да обезбеди надминување на предизвиците, засилен економски раст и подигнување на животниот стандард на сите граѓани“, соопшти СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ