сабота, 14 февруари 2026

Пратениците ја продолжија расправата за избор на нова Влада

Објавено на

часот

Сподели

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на седницата обвини дека мандатарот Димитар Ковачевски не учестувал на избори, не ја побарал довербата и нема глас од ниту еден граѓанин и затоа, како што рече, го нема народниот легитимитет, како и самата владејачка коалиција зашто, како што рече, беше поразена на локалните избори.

Но Ласковска додаде дека главните проблеми и на новата влада, доколку биде избрана, е што таа ќе биде продолжение на „хибриден режим” кој под раководството на Зоран Заев Македонија, како што нагласи, целосно ја понижи пред меѓународната заедница, особено со начинот на преговарање со Бугарија.

Таа додаде дека мандатарот Ковачевски повеќе зборува за легитимитетот отколку за економските проблеми, притоа давајќи нереални ветувања за нивно решавање.

„Како да треба да заборавиме дека имаме инфлација, граѓаните буквално немаат ниту за леб, цените на прозиводи растат вртоглаво, парите немаат никаква вредност, и потценување е во ваква состојба да се зборува за економска ренесанса“, додаде Ласовска.

Неа ѝ реплицира Марија Георгиевска од СДСМ која нагласи дека опозицијата претерува со поставувањето на прашањето за легитимитетот.

„Не знам зошто имате потреба легитимитетот да го врзувате за локалните избори. Оваа Влада е континуитет на Владата која легитимитетот го доби на парламентарните избори во 2020 година, кога не се бираа претставници на локалните власти“, нагласи таа.

Собраниската расправа за избор на нова влада која започна вчера, според Деловникот трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав треба да се гласа вечерва најдоцна до полноќ. Владата е избрана ако за неа, во целина, гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието, односно потребни се 61 глас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ