понеделник, 8 декември 2025

Петков утре треба да реферира пред бугарското Собрание за резултатите од контактите со Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Како што објавија бугарските медиуми, реферирањето на Петков ќе се одржи на барање на најголемата опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ќе биде прва точка на собраниското пленарно заседание закажано за в петок.

Петков и премиерот Димитар Ковачевски по заедничката седница на двете влади што се одржа во Софија оценија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност што преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на Македонија и Бугарија.

На заедничката прес-конференцијата по седницата тие порачаа дека добрососедството ќе биде на пиедестал и ќе се посветат на работи што беа заборавени последните години, нагласувајќи дека договорите што беа потпишани имаат „еден краен резултат – економски развој на целиот регион“.

Со заедничката седница на двете влади, според двајцата премиери, се поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи и се прави обид преку конкретни договори да се зајакне соработката меѓу Скопје и Софија и тоа да придонесе и за пронаоѓање компромис за спорните прашања.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ