среда, 10 декември 2025

Пендаровски – Пич: Деблокада на преговорите со ЕУ за стабилност на Западен Балкан

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, изразил задоволство од посетата на специјалниот претставник Пич набрзо по неговото именување на функцијата во декември 2021 година. Посетата, како што оцени претседателот, е потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

На средбата се разговарало и за прашањата поврзани со членството на Македонија во Европската Унија и тековниот дијалог со Република Бугарија. Пендаровски го информирал Пич за напредокот на дијалогот помеѓу двете земји. Притоа се заблагодарил за интересот и поддршката на Обединетото Кралство за македонско-бугарскиот дијалог и подвлекол дека надминувањето на блокадата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија ќе внесе дополнителна предвидливост и стабилност на Западниот Балкан.

Соговорниците, меѓу другото, разговарале и за одличната билатерална соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство и можностите за зајакнување на соработката меѓу двете држави и за обезбедување натамошна британска поддршка во повеќе области и форми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ