„Република Северна Македонија останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија“, изјавил Пендаровски и додал дека нашата држава е подготвена за продолжување на дијалогот со Република Бугарија, во духот на добрососедските односи, со цел надминување на блокадата во однос на европските интеграции.
Во контекст на билатералните односи, претседателот Пендаровски оценил дека Германија е клучен политички и економски партнер на земјава и еден од најзначајните трговски партнери во годините наназад и изразил очекување за натамошно јакнење на пријателството и партнерството меѓу двете држави, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО, како и очекување за натамошно зголемување на трговската размена.






