сабота, 6 декември 2025

Пендаровски ќе прими делегација на Македонците од Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото Македонците од Бугарија велат дека внимателно ја следат ситуацијата со напорите на Македонија за членство во ЕУ и велат дека безрезервно ги поддржуваат аспирациите на етничките браќа од Македонија за достојно место меѓу народите на демократска Европа.
„Сметаме дека постоењето на Македонци од двете страни на границата е предуслов за мост меѓу двете земји и народите во нив. Ова наше сфаќање не го делат властите во Република Бугарија, каде на ниту еден начин не сме застапени и не можеме да се изразиме. Властите во Бугарија демонстрираат ефикасна комуникација со самоидентификуваните како етнички Бугари во РСМ, што за нас е за почит, но необјаснив е односот кон нас… Пример за тоа е односот на самоидентификуваните етнички Бугари во РСМ и претседателот Р. Радев.
Сметаме дека реципроцитетот би бил знак за еднаквост меѓу бугарскиот и македонскиот народ.
Затоа би сакале да одредите ден и време во кое ќе не примите за да ги споделиме со Вас нашите заеднички цели и напори во интерес на македонскиот и бугарскиот народ“, се вели во писмото до Пендаровски на раководствата на ОМО Илинден Пирин и на ОМО Илинден.

 A.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ