понеделник, 8 декември 2025

Пендаровски денеска ќе прими делегација на македонските здруженија од Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Во барањето испратено до македонскиот претседател на почетокот на годинава Македонците од Бугарија ја споменуваат и неодамнешната средба на бугарскиот претседател Румен Радев со претставници на неколку регистрирани здруженија на Бугари од Македонија и на една политичка партија. 

Во писмото Македонците од Бугарија велат дека внимателно ја следат ситуацијата со напорите на Македонија за членство во ЕУ и велат дека безрезервно ги поддржуваат аспирациите на етничките браќа од Македонија за достојно место меѓу народите на демократска Европа.

„Сметаме дека постоењето на Македонци од двете страни на границата е предуслов за мост меѓу двете земји и народите во нив. Ова наше сфаќање не го делат властите во Република Бугарија, каде на ниту еден начин не сме застапени и не можеме да се изразиме. Властите во Бугарија демонстрираат ефикасна комуникација со самоидентификуваните како етнички Бугари во РСМ, што за нас е за почит, но необјаснив е односот кон нас… Пример за тоа е односот на самоидентификуваните етнички Бугари во РСМ и претседателот Р. Радев. Сметаме дека реципроцитетот би бил знак за еднаквост меѓу бугарскиот и македонскиот народ“, се вели во писмото до Пендаровски на раководствата на ОМО Илинден-Пирин и на ОМО Илинден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ