„Од ДУИ во овие 20 години произлегле над 13 политички партии, сите со краток здив и тоа од политички фигури кои биле на високи функции во партијата. Господинот Лимани не бил на ниту една висока позиција во партијата, ниту партиска ниту владина. Така што, со среќа нека им е на сите што мислат дека има подобро, поконзистентно и посилно нешто од ДУИ, рече Бујар Османи во гостувањето во Утрински брифинг.

Инаку, Фатмир Лимани кој е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, минатата година, незадоволен од функционирањето на интегративците и од корумпираноста и криминалот во врвот на таа партија, како што тогаш изјави во интервју за МКД.мк, се кандидираше самостојно за градоначалник на Кичево, каде освои близу 5 илјади гласови.
Денеска во седиштето на Беса во Скопје на прес-конференција ќе биде објавено приклучувањето на политичката структура на Фатмир Лимани кон партијата на Биљал Касами.
Беса беше дел од владината коалиција, но по локалните избори премина во опозиција, изразувајќи незадоволство од функционирањето на Владата, прес се поради односот на ДУИ кон партнерите на СДСМ и попустливоста на тогашниот премиер Зоран Заев кон интегративците.
П.Џ.






