Како што е најавено од МНР, шефот на дипломатијата Османи ќе ги информира членовите на собраниската Комисија за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Македонија и Бугарија.
Реферирањето на бугарскиот премиер Петков е на барање на најголемата опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ќе биде прва точка на денешното собраниското пленарно заседание во Софија.
Петков и премиерот Димитар Ковачевски по заедничката седница на двете влади во Софија оценија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност што преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес Македонија и Бугарија.
Двајцата премиери на заедничката прес-конференцијата по седницата порачаа дека добрососедството ќе биде на пиедестал и ќе се посветат на работи што беа заборавени последните години, потенцирајќи договорите што беа потпишани вчера имаат „еден краен резултат – економски развој на целиот регион”.
Тие оценија дека со заедничката седница на двете влади се поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи и се прави обид преку конкретни договори да се зајакне соработката меѓу Скопје и Софија и тоа да придонесе и за пронаоѓање компромис за спорните прашања.нк






