понеделник, 8 декември 2025

Oхридскиот градоначалник се гушкаше на Водици, а ковид – тестот бил позитивен

Објавено на

часот

Сподели

Охридскиот Центар за јавно здравје, како и СВР Охрид го разгледуваат случајот дали соодветствува за кривична пријава за загрозување на јавното здравје, а од МВР велат дека по расчистување на случајот е можно да биде поднесен соодветен поднесок.

На прославата на Водици, ден по тестирањето, Пецаков беше присутен меѓу граѓаните, беше во разговор и со својите сопартијци и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и во близина на евроабмасадорот Дејвид Гир. Имаше блиски средби со граѓаните, се гушна и со фаќачот на крстот. Позитивниот резултат, како што вели, го добил вечерта.

Се тестирал заради семејно патување во странство, а не заради симптоми, сопругата била негативана, тој позитивен. Се посомневал, зашто не чувствувал никаков симптом,  па потоа, по 36 часа, направил нов ПЦР тест, во истгата установа, во Центарот за јавно здравје, кој бил негативен.

Градоначалникот Пецаков синоќа, на својот фејсбук напиша со охридски дијалект: „По шо гледам дека се шири брзо, интересна тема како и да е … се тестирав, не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптоми‼️ Немат полошо ко ќе се составуваат текстови по охридски кафани, без да се јавите и да прашате”.

Медиуми од Охрид јавуваат дека тестирањето во градот се зголеми откако присутните на прославата на Водици разбраа дека меѓу нив, како позитивен на ковид-19, бил градоначалникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ