сабота, 6 декември 2025

Николоски: Оваа влада нема легитимитет, решение се брзи предвремени избори

Објавено на

часот

Сподели

Според Николоски, локалните избори донесоа суштински и јасен пораз за СДСМ и дека затоа, како што нагласи, Зоран Заев поднесе оставка.

„Пораката и на оваа седница е дека е потребно соочување со народот преку парламентарни избори. Без избори нема Влада со целосен политички легитимитет. Ова е влада на стари ликови кои водат исти ресори, оваа влада не може да донесе различна и добра политика. Соочени сме со истите политики и исти ставови“, нагласи Николоски.

Гледаме национално предавство во однос на преговорите со Бугарија, а имаме и примери на јавно изнесување на ставови поврзани со овие преговори кои сигнализираат дека се губи достоинството на државата, нагласи пратеникот.

Двата последни тендери се само дополнителни примери за тоа колку длабоко е навлезена корупцијата во Владата, нагласи Николоски и додаде дека владата нема визија како да поттике странски инвестиции.

Тој упати порака во форма на прашање до малите партии кои се дел од владината коалиција со СДСМ:

„Зошто останувате во оваа Влада? Одговорот е двоен. Или сте уценети или сте и вие криминализирани па немате избор. Ваквото понижување кое самите си го правите нема друго образложение. Затоа ве потикнувам на следните избори да излезете сами и да проверите како стоите пред народот“, рече Николоски.

Тој оцени дека процесот на евроинтеграција е злоупотребен од страна на владата во текот на изминатите четири години.

„По локалните избори се лажеше дека ќе има датум за преговори, тоа беше безобразно лажење. Тоа е потценување на националните интереси. И никој не сака да ја притисне Бугарија, ниту да преземе медијација. Проблемот со Бугарија ќе се решеше за еден ден ако имаше таква согласност во големите европски центри“, рече Николоски.

Единственото решение се брзи предвремени парламентарни избори, нагласи Николоски.

 П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ