сабота, 6 декември 2025

Николоски: Ковачевски предлага влада на поразени политичари, која ќе го продолжи заевизмот

Објавено на

часот

Сподели

„Од она што можеше да се чуе како предлог на влада цврстиот впечаток е дека оваа е влада на исти луѓе, со исти вредности кои донесоа порази на државата, ја направија најкорумпирана во Европа, со огромна сиромаштија, ниски плати, со високи цени на производи, и со веќе многу извесна енергетска и економска криза. Ова е предлог на влада која Ковачевски ја поднесува, а Зоран Заев ја потпишува. Составот на оваа влада, кој освен Заев којшто го аминувал, јасно е дека е по силна доминација на  Оливер Спасовски којшто има свои кадри во истата“, рече Николоски.

Според него, јавна тајна било дека најмалку десетина видни луѓе, професори, истакнати политичари, јавни личности итн. одбиле да се дел да се од оваа влада и го одбиле и Ковачевски и Заев  да станат дел од истата, затоа што не се согласувале, како што вели, со политиките на континуитет на економското и криминално доуништување на Македонија.

„Затоа денес имаме состав на влада којшто ќе го продолжи заевизмот и којшто нема енергија и кој нема енергија за реформи, нема план за европските интеграции и нема предлози за подобар живот. Таканаречените нови ликови во Владата не се нови, туку стари функционери на СДСМ, коишто се на функции се со години“, вели тој.

Тој додава дека сите луѓе на Ковачевски се всушност луѓе на Заев, луѓе на Оливер Спасовски, и секако вечните кадри на ДУИ кои што не се менуваат насадени со по некои од Алтернатива.

„Ова е влада која ќе продолжи без решенија во клучните ресори, влада која што нема решенија за економијата, за европските интеграции, влада која што нема да испорача поевтина електрична енергија, која што нема да помогне на стопанството, која што нема да ги затопли македонските домови.

И затоа ова е влада која што ќе продолжи со криминалот, а кој што го помагаат приврзоците на криминалот од типот на ДОМ, Демократски сојуз, ЛДП и останатите помали партнери кои што за ситни интереси продолжуваат да ја подржуваат оваа влада“, рече Николоски и повтори дека предвремени парламентарни избори се единствено решение.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ