„Јас сум навистина загрижен, ние подолг временски период сугерираме дека се води капитулантска политика во однос на Бугарија. Мислам дека ставот на Македонија е јасен и е усогласен во Собранието и изгласан од сите пратеници со заедничката декларација која што ВМРО-ДПМНЕ ја предложи, а сите пратеници, вклучувајќи ги и тие од СДСМ и ДУИ, ја гласаа“, рече Николоски.
Според него, постојат големи сомнежи дека власта не ја почитува Резолуцијата од причина што каков и договор или какви и да било заклучоци кои би се донеле во врска со односите Македонија – Бугарија, дека мора да бидат разгледани во Собранието. Владата, очигледно, бега од таков дијалог, рече Николоски.
„Гледаме дека Владата тивко ретерира од таа работа, а исто така гледаме сервилност. На пример Слави Трифонов целосно го навредуваше македонскиот народ, јас побарав да има реакција од МНР, тоа не се случи, а тоа човек чија партија е втората партија во рамки на бугарската влада“, нагласи Николоски.






