Новата министерска одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а предвидува задолжителен негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или брз тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет ПЛФ формулар.
Нема промени во однос на невакцинираните патници, кои освен тестот направен претходно, задолжително ќе бидат тестирани и при влезот во Грција, мерка што веќе извесен период се применува, а важи за патниците кои пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Македонија, јавува МИА од Атина.






