сабота, 6 декември 2025

МНР тврди дека нема ни нов договор, ни анекс, ни дополнување на Договорот со Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

МНР, како што стои во соопштението оттаму, ги отфрла таквите шпекулации како неточни и контрапродуктивни на напорите на двете земји за надминување на меѓусебните разлики.

„Односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија продолжуваат да се развиваат согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Во тие рамки, се преземаат сите потребни активности и ангажмани кои се во согласност со овој Договор, а кои пред сѐ имаат за цел продлабочување и интензивирање на билатералната соработка. Во тој контекст е и најновата иницијатива за организирање на претстојна средба на ниво на шефови на влади, како прв чекор за унапредување на соработката меѓу двете нови влади, внесување на нова динамика во проектите и активностите, а што е од интерес како за двете држави така и за перспективата и безбедноста на регионот и на Европа“, наведува МНР.

Оттаму порачуваат такви чувствителни информации да се проверуваат со цел поквалитетно информирање на граѓаните, но и придонес во насока на поддршка на обидите за надминување на отворените прашања со Бугарија.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ