Taa доаде дека најавите за одземање на лиценцата на БЕГ беа само лага.
„Секој месец нова кризна состојба со СДСМ. Откако целата измината година експертите предупредуваа за енергетска и топлинска криза, додека извесен период од БЕГ убедуваа дека греат со оптимален режим и дека континуирано испорачуваат топлина до потрошувачите, одеднаш Владата прогласи кризна состојба со снабдувањето на топлинска енергија. Граѓаните беа ставени пред свршен чин, еден ден пред исклучување. Оваа Влада на СДСМ е причина за уништениот стандард на граѓаните кои имаат недостиг на топлинска енергија и плаќаат поскапа струја. Заради неспособноста на Владата предводена од СДСМ граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење“, рече Митева.
Додека сите светски лидери водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, првиот човек на РКЕ Бислимоски пред само два месеци ги убедуваше граѓаните да бидат спокојни за грејната сезона, тврдеше дека компаниите се подготвени, нагласи портпаролката Митева, според неа, хаварија, безредие и неизвесност е секојдневието кое го нуди СДСМ.






