Предвремени избори нема да има, рече Мисовски, упатувајќи порака посебно до пратеникот и координагтор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој претходно дискутираше.
Мицевски рече дека има многу случаи на криминал во Владата на Заев, наведувајќи неколку судски предмети, меѓу кои за случајот на Рашковски и „Рекет“, како и неотворени предмети. Пратеникот Мицевски упати порака до мандатарот Ковачевски „да не го заслепи сјајот на нарачаниот есцајг за Владата вреден 80 илјади евра“ оценувајќи дека неговата Влада ќе биде континуитет на криминалот на Владата на Заев.






