понеделник, 8 декември 2025

Министрите за транспорт се договорија да договарат воведување на авионска линија Софија – Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата министерот Бочварски го отвори прашањето за либерализација на транспортот на стока за и од трети земји. Двајцата министри договорија соработка на мешовити комисии за транспорт кои треба да работат на условите на целосна либерализација на транспортот на стока. Исто така, министерот го потенцираше и прашањето за модернизација на граничните премини, како и отворање на нов граничен премин Клепало, кај Берово“, информира македонското Министерство за транспорт и врски.

Во однос на железничкиот Коридор 8, се разговарало за изградба на заеднички граничен тунел што ќе ги поврзе овие две земји како дел од проектот за железничко поврзување.

„Министерот Бочварски информираше дека вкупниот проект ќе чини преку 600 милиони евра, со тоа што делницата од Куманово до Крива Паланка ќе започне со изградба на пролет, а делот од Крива Паланка до границата со Бугарија веќе следната година“, пишува во соопштението.

Министерството наведува дека во делот на патната инфраструктура Македонија инвестира преку 200 милиони евра во модернизација на патната мрежа кон  Бугарија и дека кон средината на идната година 2023 година со изградбата на експрениот пат Ранковце – Крива Паланка, ќе стане модерна и безбедна патната делница од Скопје до граничниот премин Деве Баир.

Двајцата министри договорија интензивни средби се со цел побрзо регионалното поврзување и реализација на проектите од заеднички интерес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ