Милошоски поканата упатена до министерот Османи ја објави на својот фејсбук – профил каде напиша:
„Наместо детали за македонско-бугарските преговори, патокази и анекси да се дознаваат од пратеници или министри во Софија, добро е владата на оваа тема да прифати јавна дискусија во Собранието, како претставнички дом на сите граѓани, а во интерес на демократијата и државата“.
Во поканата се бара од Османи до пратениците да бидат доставени одговорите на „план 5+1“ што ѝ се испратени на бугарската Влада, при што Осамни се потсетува дека пратениците имаат надлежност да бидат контролори на власта.
„Сметам дека одговорите не треба да бидат тајна“, вели Милошоски во официјалната покана и додава дека е потребно на Комисијата да се отвори дискусија, при што го потсетува дека согласно Деловникот министерот има право да побара и затворена седница.
Во дописот до Османи пратеникот и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски предлага седницата да се одржи најдоцна до 15 февруари.







