Милошоски во делот на надворешната политика рече дека досега Владата кон прашањето за датум за преговори со ЕУ се однесувала несериозно и повеќепати објавувала дека е донесена одлука за почеток на преговорите преку соопштенија на министерот Бујар Османи, кој ја задржува функцијата, што е исто така, рече, хендикеп.
„Слаб и компромитиран ви е ресорот за надворешни работи. Освен тоа, Македонија нема амбасада во Вашингтон, иако САД се стратегиски партнер со Македонија. Тоа е голем проблем за државата, а да потсетам, имаше и несериозен обид Фрчкоски да биде амбасадор“, рече Милошоски.
Тој го потсети Ковачевски дека има уште еден проблем во надворешната политика, а тоа е дека Миле Миленковски бил именуван за заменик во мисијата на ОБСЕ во Виена, која пак заврши во притвор во Србија по една меѓународна афера.






