Заедничката работна група се предвидува да е составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементациските активности за проектот, соопшти владината прес-служба.
Во соопштението се вели дека меморандумот е подготвен имајќи го предвид „развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности“ и дека ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија”, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави.






