сабота, 14 февруари 2026

Меџити е незадоволен од одлуките во ДУИ, неизвесно дали ќе гласа за нова влада

Објавено на

часот

Сподели

За повеќе медиуми на албански јазик Меџити потврди дека поради отсуство од Скопје не е во Собранието на Македонија. Некои од медиумите пренесуваат дека на прашањето дали ќе дојде за гласањето и дали ќе гласа за им изјавил „Ќе видиме“, додека други пренесуваат дека им изјавил дека „нема да гласа“.

„Слободен печат” денеска објави дека Меџити за медиумот изјавил дека нема да гласа за новата влада на Ковачевски. „Тој не сакаше дополнително да образложи зошто не е присутен на собраниската седница за избор на владата, ниту зошто не ѝ дава поддршка“, напиша „Слободен печат“.

ДУИ вчера објави фотографија на која се пратеници и министри од партијата, а на неа не се гледа Меџити.

Кога кон крајот на минатата година се гласаше за недоверба на Владата на Заев, Меџити исто така изразуваше незадоволство, но кога дојде време за гласање, беше присутен во собраниската сала. 

Инаку, тој минатата година изразуваше незадоволство поради изборот на кадри од редот на ДУИ на високи позиции во државната и локална власт за кои тврдеше дека немаат поддршка во чаирската база,  каде тој раководи, првенствено мислејќи на Артан Груби и Бујар Османи, како и заради маргинализирање на влијанието на еден од најсилните ограноци – токму чаирскиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ