На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле отворени повеќе теми на разговор со фокус на соработката помеѓу двете земји и на сите нивоа, како и важноста од евроинтеграцијата на Македонија за регионот. Маричиќ истакнал дека од суштинско значење е да се воспостави блиска соработка и комуникација на сите полиња и нивоа. „Во таа насока, Северна Македонија ќе започне со активирање на работните групи и тела кои се потребни за отпочнување на еден динамичен процес на евроинтеграција, а на кои треба да се гледа како на мостови за натамошна транспарентна и инклузивна соработка меѓу двете земји“, се наведува во соопштението.
Според Маричиќ и Вигенин, од заеднички интерес за двете земји е и меѓусебно поврзување на невладиниот сектор, бизнис заедницата и академската фела, што ќе резултира со подобрување на атмосферата помеѓу народите на двете земји.






