сабота, 6 декември 2025

Ковачевски со изненадувања во министерствата за одбрана, правда, социјала…

Објавено на

часот

Сподели

Професорот Никола Тупанчевски, како што брифираат партиски извори, е можниот нов министер за правда. Изненадување претставува и името на Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ; која е кандидат за  вицепремиерската позиција за борба против корупција.

Љупчо Николовски би се вратил во земјоделство.

Нова министерка за култура би била пратеничката и новата потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска од Битола. Славјанка Петровска е кандидатка за министерка за одбрана, а Јована Тренчевска, која сега е директорка на Државниот инспекторат за труд, е кандидатка за министерка за труд и социјална политика.

Бојан Маричиќ оди на вицепремиерското место за евроинтеграции наместо Никола Димитров, а Фатмир Битиќи останува вицепремиер за економски прашања, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, а нема да има промени ни во Министерството за транспорт и врски – Благој Бочварски.

Се чека на ДУИ да го даде кандидатот за министер за образование. Нов министер ќе биде Беким Сали од Алтернатива.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ