Како дел од македонскатра делегација се и министрите Артан Груби, Фатмир Бетиќи, Славица Грковска, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Љупчо Николовски, Јетон Шаќири, Горан Милевски, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Благој Бочварски, Насер Нуредини, Адмирим Алити, Мартин Попов, шеф на кабинетот на премиерот и Едмонд Адеми, советник за надворешни работи на премиерот.
Ковачевски денеска во официјална посета на Бугарија

Објавено на
часот
Сподели
Maкедонскиот прмиер Димитар Ковачевски денеска заминува за Софија каде ќе ја предводи владината делегација во дводневна официјална посета на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и одржувањето на мешовитиот состанок на двете влади.
Владината делегација на Република Северна Македонија е предвидено да пристигне во попладневните часови во текот на денешниот ден, кога ќе биде свечено пречекана со церемонија со највисоки државни почести на плоштадот „Александар Невски”.
За утре планирана е и средба со бугарскиот претседател Румен Радев.





