понеделник, 8 декември 2025

Кон Беса се приклучи Фатмир Лимани со својата политичка структура

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа во изјава за МКД.мк потврди утрово дека во 11 часот јавноста ќе биде информирана дека на партијата ѝ се приклучи Фатмир Лимани со својата политичка структура и дека пред новинарите и самиот Лимани ќе информира за мотивите да ѝ се приклучи на опозициската Беса и за политичкиот капацитет на својата структура.

Лимани за МКД.мк најави дека веќе од утре ќе почнат нови активности со Беса, најпрво ќе биде формализиран моќен огранок во Битола, веќе подготвен од негова страна пред неколку денови, каде ќе се приклучат приврзаници и на другите  партии на Албанците, но и дека потоа ќе се објават ограноци и во други места.,Самиот тој ќе ги води партиските активности во Изборната единица број 5, каде вели, има големо влијание, со цел да се постигнат резултати на избори кои тој ги очекува во септември.

Лимани во изјава за МКД.мк неделава го најави своето приклучување кон Беса. Тој водеше разговори и со Алијанса за Албанците, со идеја за окрупнување на албанската опозиција, но рече дека во моментов кај партијата на Зијадин Села активностите се насочени кон конгресот идниот месец кога се можни партиски преструктуирања и дека разговорите биле паузирани.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ