сабота, 14 февруари 2026

Комуникацијата со Бугарија засега е во фаза на работни документи, вели Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на училишта во Прилеп, Ковачевски рече дека е внесена нова динамика во разговорите со Бугарија и договорен нов пристап во разговорите, свртен на реални теми, а за таа цел беше и заедничката владина седница во Софија и формирани работните групи за економија, инфраструктура, образование и култура и за евроинтеграции.

Меѓу министерствата, исто така, ќе има  комуникација според потребите, особено меѓу министерствата за одбрана, бидејќи и двете земји се членки на НАТО.

Ковачевски очекува резултати и динамична работа и од Комисијата за образовни и историски прашања, додавајќи дека таа работи по своја методологија и вклучува професори по историја.

„Таму ветија дека ќе има нова динамика во наредниот период, со цел да дојдат до решенија кои тие ќе можат да ги презентираат пред јавноста“, рече Ковачевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ