сабота, 6 декември 2025

Јајоска: Арсовска покажува тотална негрижа за граѓаните на Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„На предлог на Арсовска управните и надзорните одбори на јавните претпријатиа и установи во Град Скопје се пополнија со кадри од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Данела Арсовска годинава ќе потроши 670.000 евра за да вдоми 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација. За само 10 дена Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнувач кој е крајно некомпетентен за функцијата што му е доверена. Арсовска одби Градот Скопје финансики да го помогне субвенционирањето на парното греење и во сред криза ги игнорира проблемите на скопјани“, рече Јајоска.

Таа нагласи дека наместо бесплатен јавен превоз дека ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.

„Арсовска две недели молчи и не одговара кој и со чии пари ја организрал и финансирал новогодишната ноќ на градскиот плоштад. Ова е учинокот на Арсовска во првите месеци од мандатот. Наместо работа, проекти, се што Арсовска прави е прекинување проекти, партизација на Градот и штури оправдувања за нејзиното не работење. Скопје и скопјани не заслужуваат ваква градоначалничка“, нагласи Јајоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ