
Како што изјавила Робин за бугарското радио Дарик, а овој начин ќе може да се реши спорот меѓу двете земји и ќе се потврди европската определба на Париз.
Според амбасадорката Робин, како што јавува МИА од Софија, Западен Балкан е дел од Европа и е прашање на безбедност регионот да биде вклучен повеќе во политиките на ЕУ, економскиот развој и размената воопшто. Амбицијата на Франција, пак, е да ја потврди својата европска посветеност кон Западен Балкан, а особено кон Македонија и Албанија.
Робин вели дека има спорови меѓу соседните земји, и изрази уверување дека со добра волја и преку дискусии и промовирање на почитувањето на граѓанските права и почитувањето на малцинствата, тие ќе може да одговорат на овие предизвици. Според неа, навистина е важна стабилноста и одржувањето на добри односи, а „со разбирање и слушање, работите може да се средат“.






