„Демократската унија за интеграција смета дека постојаните реакции на ВМРО-ДПМНЕ се јасен показател за целта на овој политички субјект против Албанците на чело на државните институции, токму во време кога земјата бележи значителен напредок во важните политички процеси за деблокирање на нејзиниот пат кон Европската Унија, во која кадрите на ДУИ се ангажирани со целосен легитимитет од народот во соработка со коалиционите партнери“, реагира владејачката ДУИ.
Партијата наведува дека на ВМРО ДПМНЕ ѝ пречи стратегиската определба и посветеност на ДУИ за градење добрососедски односи со земјите од регионот, за продлабочување на економската соработка со нив, за поефикасни проекти за патна интерконекција и дека таа партија затоа има тенденција да фрла прашина преку пласирање на неосновани обвинувања, на докажаната проевропска зелена агенда на ДУИ за развој на државата.
„Овие медиумски изјави на ВМРО-ДПМНЕ се бледа копија на кампањата на СДСМ пред неколку години со ист вокабулар и со иста цел.
„Спроведените проекти и конструктивниот пристап на кадрите на ДУИ ја демаскира политичката демагогија на ВМРО која покажува знаци на неоснована нервоза од успесите на албанските кадри во водечките државни институции и политики. ДУИ води транспарентни политики за развој на државата, со конкретна и докажана програма за добро владеење, со кадровски реформирана извршна власт, која е неспорен фактор на стабилност“, пишува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ мора да научи и да ја прифати реалноста за рамноправното вклучување на Албанците и дека времињата на политики против Албанците, против соседите, против НАТО и ЕУ никогаш не можат да се вратат во нашата земја, порачуваат од ДУИ и заклучуваат дека е „жално да се види како фрустрацијата на ВМРО ги води на маргините на социјалната толеранција. Неосновани обвинувања, лаги и измислени заговори не ѝ одговараат на една партија која претендира да ја води оваа земја“.
ДУИ потоа порачува: „ВМРО по неуспешниот обид за државен удар заедно со Левица, Беса и Алијанса, не може да ги надмине емоциите и наместо да нуди решенија и предлози до граѓаните на Северна Македонија, нудат лаги и измами. Ќе продолжиме да се бориме за доброто на нашите граѓани, обезбедувајќи подобар квалитет на живот, иницирајќи програми и проекти кои се создадени за зајакнување на економијата и подобрување на животот на нашите граѓани на кои им служиме“.






