сабота, 6 декември 2025

Џафери: Ќе се гласа во скафандери, ако е потребно

Објавено на

часот

Сподели

Џафери рече дека како претседател на Законодавниот дом е должен да даде објаснување за ова прашање, откако повеќемина пратеници во своите дискусии меѓусебно се обвинуваа за гласање во скафандери во претходните месеци.

Последен пред Џафери да земе збор, реагираше пратеникот Никола Мицевски кој и самиот кон крајот на минатата година беше позитивен на ковид-19 и гласаше во скафандер за паѓање на Владата на Заев.

„Точно е тоа, гласавме во скафандери. Но, тоа го направивме откако веќе тоа го сторија пратеници од СДСМ и ДОМ. Нашата кривична пријава против Џафери не помина во судот, па нашето гласање во скафандери беше врз основа на веќе востановена судска пракса“, рече Мицевски.

Џафери потоа рече дека неговиот став не е врз основа на судска пракса, туку на дописот од Комисијата за заразни болести.

„Ако треба во интерес на државата пратениците ќе работат дури и во воени или вонредни услови, така  е и по Устав и по закон. Ако е потребно и во скафандери. Работиме за државата“, рече Џафери.

П.Џ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ