Како што се наведува во информацијата на МНР, терминот 18 јануари, вторник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата Влада во земјава.
Одлуката, како што се наведува во соопштението, е донесена по денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија.
Прес-службата на бугарската Влада денеска информира дека Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе бидат во самоизолација во наредните денови поради контакт со заразен од корона вирусот, па зато а неговата посета на земјава планирана за 18 јануари се одложува и наместо него бугарската владина делегација што ќе допатува во Скопје ќе ја предводи вицепремиерката Калина Константинова.






